Денеска во 12 часот во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи редовното изборно Собрание на ракометната федерација, на кое ќе биде доделен нов мандат на актуелниот претсадател Живко Мукаетов.
Првиот човек на РФМ е единствен кандидат, а доби поддршка од сите клубови да биде на чело на федерацијата и во следните четири години.
Мукаетов е на чело на РФМ во март 2013 година. Во неговиот мандат, машката селекција беше дел од сите Европски и Светски првенства.
Поради пандемијата, Собранието ќе биде оддржано под строги протоколи, сите присутни ќе бидат тестирани со брзи тестови за Ковид-19.
