Министерот за здравство Венко Филипче, ги коментираше последните случувања во Собранието откако двајца пратеници имаат позитивен тест на Ковид-19.
Тој истакна дека има препорака Собранието да работи онлајн. На прашање дали и кои пратеници ќе одат во изолација по позитивните тестови на Исмаил Јахоски и на Лазе Таневски, одговори дека ќе се знае денеска по спроведувањето на епидемиолошките анкети.
„И сега има препорака сите оние кои можат да работат од дома, онлајн. Така е и за Собранието. За тоа дали и кои пратеници ќе одат во изолација, ќе знаеме денеска по спроведувањето на епидемиолошките анкети“, истакна Филипче.
