Земјотрес во Неапол – најсилниот во последните 40 години, повредени најмалку 20 луѓе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер го погоди во петокот вечерта поширокото подрачје на Неапол, по што во текот на ноќта и саботното утро беа регистрирани низа последователни потреси. Според италијанските сеизмолози, станува збор за најсилниот земјотрес во овој регион во последните 40 години.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) соопшти дека епицентарот бил во областа на Флегрејските полиња, вулкански активна зона западно од Неапол. Најсилниот од последователните потреси достигнал јачина од 3,8 степени според Рихтер.

Земјотресот силно бил почувствуван во населбите околу Флегрејските полиња, како и во центарот на Неапол и на блиските острови Искија и Прокида. Исплашени граѓани ја поминале ноќта на улиците и на отворени простори, стравувајќи од нови потреси и евентуални уривања.

Според информациите, лекарска помош побарале најмалку 20 луѓе.