Во првото коло Чешка (не)очекувано загуби од Јужна Кореја во натпреварот од првото коло. Ако сакаат да ја продолжат надежта за пласамн во следната фаза, Чесите денеска ќе треба да ja победат селекцијата на Јужна Африка, која во првото коло беше поразена од Мексико на отворањето на Мундијалот со 2-0.
Чешка ќе мора вечерва од 18:00 часот да ја оправда улогата на фаворит, ако сака да остане во игра за следната фаза.
Вечерва од 21:00 часот ќе играат Швајцарија и БиХ. Двете селекции по првото коло освоија само по еден бод, и ова е шанса и за двете селекции да дојдат до првата победа на првенството, и со тоа да си ја отворат вратата кон 1/8 финалето.
