Владата во 11 часот ќе има нова седница, на која ќе се донесат дополнителни одлуки за заштита од ширењето на коронавирусот.
За одлуките Владата ќе информира по завршувањето на седницата.
Вчера Владата донесе одлука за забрана за движење на граѓаните на Куманово и неговата околина во текот на целиот викенд, односно почнувајќи од вчера од 21 часот до понеделник до 05 часот.
