Денеска попладне и утре на повеќе места нестабилно со пороен дожд, град и засилен ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од УХМР известуваат дека времето денес и утре ќе биде натпросечно топло (со дневни температури околу 30 степени). Попладне и во вечерните часови, денес локално, а утре на повеќе места, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за појава на град.

Значително заладување ќе има во четврток, кога ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер, па дневната температура ќе биде и за десет степени пониска во однос на денешната (ќе достигне вредности во интервал од 16 до 23 степени).

Од петок до недела времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер и со пријатни дневни температури.