Денеска постудено, максимална температура до 18 степени – на планините снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.

Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.