Денеска се комплетира првото коло од ЕУРО 2020 со „шлагот“ Франција – Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска на програмата се два натпревари, со кои ќе се комплетира првото коло во групите од ЕУРО 2020 година. Прво во 18 часот ќе играат Португалија и Унгарија, додека вечер е фудбалската класика – дуелот меѓу двата последни светски прваци Германија и Франција кој ќе се игра во Минхен.

До сега најмногу профитираа селекциите на Италија, Австрија, Финска, Англија, Австрија, Холандија, Чешка и Словачка кои остварија победи во првото коло.

Македонија во второто коло ќе игра против Украина, дуел кој се игра во 15 часот во Букурешт.

Дуелот меѓу Португалија и Германија е оној кој ќе предизвика најголемо внимание во 2. коло од натпреварите во групите, кој се игра во сабота.