Денеска се навршуваат осум години од „црниот понеделник“ кој се случи на 24 декември 2012 година, кога тогашната опозиција СДСМ организираше протести против поднесувањето на владиниот предлог-буџет за 2013 година, каде со непрекинато зборување се обидеа да го одложат ова гласање.
Од партијата вчера истакнаа дека овој ден го паметат како „голем удар врз демократијата, врз Собранието, човечкото достоинство, слободата на говорот, и слободата на избор на граѓаните“.
„Да не се заборави и никогаш да не се повтори!“, додаваат од СДСМ.

За потсетување, на овој ден во собраниската сала влегле голем број на лица од собраниското обезбедување, како и полицајци, и насила ги исфрлиле пратениците на опозицијата, притоа дел од нив биле и повредени, додека пак потоа власта го изгласала предлог буџетот.
