Во Нациопналната опера и балет вечерва ќе бидат отворени 54. „Мајски оперски вечери“. Првпат две претстави ќе бидат изведени на почетокот на фестивалот, и тоа од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“.
Годинава мајските оперски вечерви се во знакот на дела од Џакомо Пучини и од Џузепе Верти.
Покрај вечерашните опери, на програмата се уште две дела од Пучини: „Тоска“ (16 мај) и „Мадам Батерфлај“ (20 мај). Вердиеви опери годинава на МОВ се „Риголето“ (13 мај), „Травијата“ (27 мај) и „Набуко“ – со која на 31 мај ќе биде затворен фестивалот. На програмата е и балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајовски, кој ќе биде изведен на 22 мај.
Целата програма за Мајските оперски вечерви може да ја видите на следниот ЛИНК.
