Денови на книгата во Рамстор Мол

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во пресрет на новогодишните празници, Рамстор Мол во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, за сите љубители на книгата подготвија вистинско предновогодишно изненадување – Денови на книгата во Рамстор Мол. Овој настан ќе се одржи во просториите на Рамстор Мол во периодот од 15 до 19 декември 2021 година.

Во текот на овој настан ќе имате можност да ги најдете изданијата на голем број на македонски издавачки куќи и книжарници, меѓу кои: Издавачки Центар ТРИ, Арс Ламина, Антолог, Издавачката куќа Полица, Култура, Феникс, Сакам Книги, Топер, Бата прес, Едука Мак, Мартина, Паблишер, Икона и Просветно дело.

Повелете на дружење во Рамстор Мол со сите љубители на книгите со кои ќе можете да размените многу книжевни муабети, да се посоветувате и да си ја збогатите вашата домашна библиотека во пресрет на Новата година.

Согласно протоколите за спречување на ширење на коронавирусот во Рамстор Мол ќе бидат обезбедени сите безбедносни мерки со кои сите учесници и купувачи ќе можат безбедно да уживуваат во шопинг искуството.

Спремете го вашиот список на посакувани книги и повелете во Рамстор Мол на книжевен шопинг.