Депонија во Никуштак, приказна без крај – Општината со „врзани раце“, се чека регионална фабрика за рециклирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Се наоѓаме во село Никуштак во општина Липково. Зад мене се гледа депонијата која е таму веќе долги години. Овде се фрла ѓубре и истото се пали. Со палење на отпадот чадот излегува до главниот пат. Поради овој чад, пред точно два дена се случи сообраќајна незгода помеѓу два автомобила која заврши, за среќа, без жртви. Со оваа депонија стопанисува јавното претпријатие „Шуми“, кое работи во рамките на општина Липково. Да ги прашаме што прави оваа компанија околу одржувањето на оваа депонија. Кој фрла отпад овде и како се третира?“, вели репортерот на ТВ21, Зекирија Хаџиу.

-Депонијата ја одржуваме според сите наши можности, максимум што ги имаме. Редовно се чисти. Но за жал има неодговорни луѓе кои фрлаат ѓубре насекаде и го палат. Како претпријатие како дејност го имаме собирањето и транспортирањето на отпадот. Со нашите три возила го фрламе отпадот од територијата на општината таму. Таму ни е депонијата и ја одржуваме-изјави Ваљдете Рамадани од ЈП „Шуми“.

Оваа депонија требаше да биде целосно отстранета или барем да се опколи со ѕид одамна. Но зошто не беше заградена или дислоцирана, со одговор градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи.

-Што се однесува до ѕидот, ние го направивме проектот, но бидејќи е во фаза на затворање на јавното снабдување,фабриката за рециклирање во североисточниот регион каде што е вклучена нашата општина, ова е постапка на Министерството за животна средина, а ние се принудени да чекаме. Ако видиме дека трае предолго, ќе бидеме принудени да го изградиме ѕидот-рече Еркан Арифи.

Но, што велат од Министерството за животна средина? До каде е процедурата за изградба на оваа фабрика и дали извршиле инспекција на депонијата во Никуштак?

„Надлежност за управување со отпадот е на општината, а надзор по доставена пријава може да направи Државниот инспекторат за животна средина. За посочениот случај не е пристигната пријава ниту известување до министерството, ниту до државниот инспекторат. Фабриката ќе се прави, уште не е почнато, треба да се објави за еден месец тендер за избор на компанија. Ова се ИПА средства од ЕУ.“, изјави Каја Шукова.

Инаку, оваа депонија не е единствена во овој регион. На влезот во селото Грушино во општина Арачиново има уште една депонија со смет и тоа многу блиску до гробиштата на паднатите борци.