„Деркоски си зема преголеми овластувања кои не се овластување на ДИК“, смета Кондарко

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Членот и поранешен претседател на Државната изборна комисија, Борис Кондарко смета дека Деркоски си земал преголеми овластувања кои не се овластување на ДИК.

„Сметам дека не само со денешната изјава, него неколку недели наназад, претседателот на ДИК си зема преголеми овластувања, а со тоа би рекол преголема одговорност, од една страна да наложува на други институции што треба да направат, да поставува рокови, да определува дали во својство на Уставен суд дали некои уредби се важечки или неважечки и мислам дека тоа не се надлежности на ДИК, на никој од нас поединечно, и со тоа практично со изнесувањето на лични ставови, претседателот на ДИК ја користи позицијата во која се наоѓа, да промовира лични ставови и да дава свои толкувања“, посочи Кондарко во вестите на ТВ21.

Тој додава дека работа на ДИК е да ги спроведува позитивните законски прописи, а не да навлегува во надлежностите на други институции.