Првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски за ТВ21 вели дека седница ќе закаже само доколку има решение со нов датум за избори од страна на претесдателот на Собранието, Талат Џафери.
„Седница ќе закажам само ако има решение со нов датум за избори од Талат Џафери. Во спротивно нема никаква причина, таков е изборниот законик кој од денеска е повторно на сила за сите нас“, вели претседателот на ДИК за ТВ21, Оливер Деркоски.
Став побаравме и од Собранието, односно спикерот Талат Џафери, но од таму нема најава за било какви дејствија и донесување на ново решенија со нов датум за избори.
Членови на Државната изборна комисија испратија иницијатива до претседателот и потпретседателката на комисијата да свикаат седница денес за предвремените парламентарни избори 2020 година.
Борис Кондарко, Јанаќе Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салихи се четворицата членови кои се потпишаа за свикување на седница. Првите тројца се членови предложени од СДСМ, додека Салихи во ДИК го предложи Движењето Беса.