Десетина активни пожари во цела држава – повеќето локализирани, екипите на терен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во нашата земја до 13 часот имаше 13 активни пожари, повеќето се локализирани. Пожарот во Кочани е под контрола, а најголемата битка се води во Старо Нагоричане.

Активен пожар над селото Градманци. На терен е излезена дежурна екипа ТППЕ и од ШС излегле на терен. Ситуацијата е под контрола.

Шумскиот пожар кој завчера се појави околу 12:30 кај м.в.Погана општина Валандово и кој зафати површина од 200 ха, во текот на вчерашниот ден беше во мирување се до 17 часот. Но со појава на  северен ветер пожарот повторно се разгоре и имаше движење према селата Казандол и Богданци и зафати површина од околу 100 хектари. Денес во утринските часови поради тивкото време пожарот е во мирување, освен мал дел над селата Брајковци и Балинци. Екипите на ТППЕ, Шумско стопанство и ДЗС се на терен и распоредени се покрај наведените села .

Во  моментот покрај постоечките пожари, во 07:40 се појави нов  пожар во с.Бељаковце, општина Куманово каде   гори  сува  трева  и  нискостеблеста мешана  шума. Ангажирана е екипа на ТППЕ Куманово.

Во општина Старо Нагоричани во моментот и понатаму е активен пожар во с.Кокино кој се  дели  со длабок  дол со  с.Арбанашко- м.в. Рамно општина  Старо Нагоричане  каде  гори висока борова шума, дабова шума, габер,  сува  трева и  нискостеблеста  мешана  шума.

На  терен  се  ТПП Единица Старо Нагоричане со  6 пожарникара,  5- Вработени  полицајци од  СВР Нагоричане, 30  припадници  на  АРМ,  6 лица вработени од  ШС со   едно  теренско  возило и  неколку  мештани  од  општината Старо Нагоричане.

Пожарите во околината на с.Делогожда-Струга и с.Девич-М.Брод се локализирани и ставени под контрола.

Пожар во општина Прилеп атарот на с. Канатларци и с.Подмол. На лице место излезена е екипа од ТППЕ Прилеп од 1 пп возило и 1 теренско возило, како  и 7 пожарникари. Во овој момент пожарот во атарот на с. Канатларци и Подмол, е ставен под контрола.

Пожарот на запалена шума во атарот на с.Топлица, кој започна во текот на вчерашниот ден во 13.10ч. се уште е активен.

Пожарот што избувна на м.в.Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден, е се уште активен и е проширен. Интервенираат  екипа а гори Дабова и Борова шума, нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.

Пожарот кој избувна во текот на вчерашниот ден во атарот на с.Нов Истевник маало Пасјак е се уште активен и е зафатена површина од околу 30 ха. Гори борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од  раните утрински часови.

Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево  каде интервенираат работници од нивните Шумски стопанства.

Пожарот  кој се појави вчера во 13:00 часот кај село Бели е целосно изгаснат. Во гасењето на пожарот учествуваа екипи од ТППЕ од Кочани, Штип, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. 10 луѓе од ШС Осогово-Кочани и 90 војници и старешини од АРМ и месно население. Пожарот е изгаснат во 01:30 часот по полноќ.