Десетици турски инвеститори кон Македонија – Мицкоски: Ердоган ми даде збор за нови компании

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски се обврза дека десетици нови инвестиции од Турција ќе пристигнат во Технолошко-индустриските развојни зони во земјава. Тој изјави дека по бизнис-форумот одржан во Истанбул добил ветување од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека и други компании ќе дојдат да инвестираат во Македонија.

–Што се однесува до другите потенцијални инвеститори кои евентуално би дошле од Турција, како резултат на бизнис-форумот што го организиравме, во периодот што следува очекувам неколку десетици потенцијални инвестиции кои ќе се операционализираат. Претседателот Ердоган лично ми кажа дека ќе се ангажира што е можно повеќе турски инвеститори да дојдат кај нас, во Македонија, а наша задача како економија е тоа да го прифатиме, отворајќи нови работни места и оние што се надвор од државата да се обидеме преку нови добро платени работни места да ги вратиме дома-рече Мицкоски.