По повод споменувањето на неговото име низ медиумите како можен кандидат за премиер од страна на ДУИ, бизнисменот Лазим Дестани на својот Фејсбук профил посочува дека ангажирањето во политичкиот живот не било и нема да биде дел од неговите планови и амбиции.
„Во пресрет на парламентарните избори во Република Северна Македонија, на сите конкурентни субјекти им ги пренесувам моите желби за достоинствена кампања и коректни и демократски избори. Во оваа прилика, бидејќи моето име се споменува последниве денови по медиумите како кандидат за позицијата премиер, сакам да го разјаснам моето мислење дека како што кажав и во минатото, покрај бизнисот останувам посветен на полето на филантропија и активности во рудникот во управните структури на нашата дијаспора. Ангажирањето во политичкиот живот не било и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес останува во областа на економскиот развој преку претприемништво во бизнисот, како што тоа го правев во текот на мојата кариера“, пишува Дестани.
