Општина Струмица ги известува жителите на селата Рич, Попчево, Белотино и Вељуса дека се забранува употребата на водата за пиење од водоснабдителните објекти, соопштија денеска од локалната самоуправа.
Се наведува дека Решението е донесено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на вонреден инспекциски надзор и притоа е констатирано отсуство на резидуален хлор и контаминација со бактерии – индикатори на фекално загадување.
-Забраната се однесува на водата за пиење како и нејзината употреба како вода за пиење, суровина и вода којашто доаѓа во контакт со храна во објекти во кои се врши подготовка, послужување и промет на храна и во сите јавни установи, стои во соопштението.
Од Општина Струмица апелираат до месното население да не ја користи водата за пиење се до ново известување за исправност на истата.
