Детали за трагедијата во Цетиње: Убиствата се случиле на пет локации, убиени седум мажи, три жени и две деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Масовно убиство синоќа го потресе Балканот, откако во Цетиње маж уби 12 лица. Во масакрот убиени се седум мажи, три жени и две деца.

Ацо Мартиновиќ (45) злосторството го почна во кафеаната „Велестово“ во близина на Спортскиот центар на влезот на Цетиње, каде што усмртил четири лица, а потоа на уште три локации во градот убил уште осум лица, меѓу кои и три жени, две деца на возраст од 10 и 13 години.

Четворица повредени веднаш се оперирани во Клиничкиот центар во Подгорица, а директорот Александар Радовиќ сооопшти дека тројца од четворицата и натаму се во животозагрозувачка состојба.

Убиствата Мартиновиќ ги извршил на пет локации низ градот, а потоа на шеста локација извршил самоубиство. Тој со тешки повреди бил пренесен во болница, но на пат кон Подгорица им подлгеднал на повредите.

Според неофицијалните информации, убиецот најпрво седел во кафеаната каде што се дружел со сопственикот и со неколку познанции и пријатели. Осомничениот наводно се скарал, по што заминал дома и се вратил наоружан, и потоа го почнал масакрот. Дел од медиумите пренесоа дека меѓу убиените се и негови блиски роднини.

Црна Гора синоќа прогласи тродневна жалост.