Детали за трагичната сообраќајка во Словенија: Загинаа две деца на возраст од 4 и 11 години и 74-годишна жена, соопшти Полициската управа во Копер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициската управа во Копер соопшти дека меѓу загинатите три лица во сообраќајната несреќа на автопатот Приморје во Словенија, две се деца на возраст од четири и 11 години, а третата жртва е 74-годишна жена.

Повредената 33-годишна жена е однесена во болница со хеликоптер, а 39-годишниот возач со амбулантно возило, соопшти Полициската управа во Копер.