„Децата си го оштетија видот со таблетите“ – Дел од учениците во четврто одделение, ги фотокопирале учебниците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мојата ќерка и  јас си го оштетивме видот учејќи од таблетот, вели  еден родител кој сакаше  да остане анонимен. Тој вели дека се обиделе една недела да го користат таблетот, но не можеле повеќе и потоа ги фотокопирале учебниците. Според него ова е поефикасно решение за да учи неговото дете.

„Таа сега учи нормално, ги има учебниците дома, ги носи и во училиште. Ги решава домашните задачи со учебници. Со таблетот се обидовме на почетокот на првата недела, од училиштето ни ги испратија линковите и тоа е во ред, ги имаме сите. Но и јас и детето си го оштетивме видот. Не е функционално никако. А да се поминат 23, 24, 25 страници многу е тешко на компјутер а не па на таблет или телефон“, вели родител.

Тој додава дека децата се мали  за да се грижат за таблетите и дека неговата ќерка телефонот го скршила веќе два пати.

„Како родители на деца во четврто одделение, мислиме дека оваа реформа со дигитализацијата е непотребна на ваков начин. Но како помошно средство, а како начин за учење не е возможно. Само моето дете искрши два телефона од невнимание. Ако и го дадам таблетот, ќе треба да го смениме 4 пати“, додава родител.

Претседателот на Синдикатот за образование, Јаким Неделков рече дека и родителите и децата се збунети, а смета дека учебниците не треба да се повлечат од наставниот процес.

Од МОН упорник дека дигитализацијата е иднината на новите генерации. ТВ21 вчера го посети училиштето 25 Мај во Синѓелиќ каде учениците ги имаа фотокопирано учебниците. Наставниците беа оптимисти дека е  потребно време за адаптација на децата, но признаваат дека на учениците им е тешко да учат од таблети.