Девет членки на ЕУ со писмо до Европската комисија: Одредете рок за забрана за нафтени возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската Kомисија треба да одреди краен рок за забрана на бензински и дизел автомобили на ниво на ЕУ за да го усогласи транспортниот сектор со поставените климатски цели, побараа вчера девет земји-членки.

Предводени од Данска и oд Холандија, земјите објавија писмо во кое ја повикуваат ЕК да спроведе поамбициозни политики на ЕУ во транспортот, кој е одговорен за една четвртина од штетните гасови.

Тоа мора да вклучува постепено укинување на нови бензински и дизел возила за да се постигнат нула емисии на штетни гасови, се наведува во изјавата.

„Треба да ја забрзаме зелената транзиција на копнениот транспорт, додека пратениците испраќаат јасни сигнали до производителите на автомобили и потрошувачите ширум ЕУ“, изјави Дан Јоргенсен, министер за клима.

Писмото го потпишаа и Австрија, Белгија, Грција, Ирска, Литванија, Луксембург и Малта.