Џа Морант повторно извади пиштол, па се извини: Ја преземам целосната одговорност, им се извинувам на сите (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

 Ѕвездата на Мемфис, Џа Морант, даде изјава за последните случувања.

– Ја преземам целосната одговорност за моите постапки минатата ноќ. Им се извинувам на моето семејство, соиграчите, тренерите, навивачите, партнерите, градот Мемфис и целата организација на Гризлис што ве изневерив. Ќе одам на одмор, ќе побарам помош и ќе научам како подобро да се справувам со мојот стрес и со мојата општа благосостојба, рече Морант.

реклама

Претходно, кошаркарот беше суспендиран на два натпревара. Тој покажа пиштол за време на пренос во живо.

Морант беше обвинет и дека претепал тинејџер пред неколку месеци, по што се заканувал со пиштол, а кошаркарот на Мемфис сега повторно се појави со оружје.

реклама

НБА-лигата започна истрага околу инцидентот во кој беше вклучен Морант.

реклама
реклама
реклама