Претседателот на Собранието, Талат Џафери поради препораките од лекарите, не отпатува на Мечкин Камен во Крушево да се обрати, но затоа не пропушти можност да го честита големиот празник Илинден – Денот на Републиката.
„Иако оваа година не се обраќам од Мечкин Камен, на овој начин да ви го честитам големиот празник 2 Август – Денот на Републиката. Илинден е симбол на стремежот за подобро утре, за подобар живот на идните генерации, поправедно општество, напредок и повисоки вредности. Во ова исклучително време на предизвици, на овој посебен ден да се потсетиме на двата Илиндена; на Крушевскиот манифест и на идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитена Реублика Северна Македонија, почитувајќи , уважувајќи и потпирајќи се на ближниот, на сограѓанинот, на соседот. Ви посакувам убав празничен ден со вашите семејства и посакувам што побрзо, преку почитување на мерките, разум и добро однесување да го надминеме и предизвикот COVID – 19 и секој празник да го одбележуваме масовно, сплотено, слободно.“, вели Џафери во честитката.
