Џафери: Мнозинството брои 64 пратеници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секој има право да го искаже својот статус во парламентот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на прашањето за најавите дека дел од пратениците на ДУИ може да се отцепат и да ја напуштат пратеничката група.

Нивниот статус е дека тие се пратениците на Демократската унија за интеграција додаде тој.

За тоа дали парламентарното мнозинство е стабилно одговори дека тоа брои 64 пратениците.

Џафери одби да ги коментира случувањата во неговата партија ДУИ и истакна дека тој е на страната на партијата и дека во нејзиното создавање тој имал големо учество.

Дел од незадоволните членови на ДУИ наречена Огнена група, изминатиот викенд му испратија писмо на претседателот на партијата Али Ахмети дека се незадоволни од начинот на функционирањето на партијата особено од Артан Груби.

Потписници на ова писмо се Изет Меџити, Висар Ганиу, Муса Џафери, Невзат Бејта, Блерим Беџети и други.