Џафери: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ надвор од камерите ми се обраќаа како претседател на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостува претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога не снимале камерите, му се обраќале со „претседателе“.

Инаку пратениците од опозицијата ретко му се обраќаа на Џафери со претседател, туку само со „господине Џафери“.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тоа го најавија уште на почетокот на мандатот на Џафери, поради тоа што, како што велеа, не го признаваат неговиот избор за претседател на Парламентот.