Џафери: В понеделник заедно со опозицијата ќе ги донесеме измените на законот за образование

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека заедно со опозицијата, во понеделник ќе бидат донесени измени во законот за образование.

„Имајќи предвид дека опозицијата и власта едногласно изгласаа потребата од скратена постапка за донесување на дотичните закони тоа дава за право да се има претпоставка дека нема да се промени тој став“, додаде Џафери.