За носењето закони по скратена постапка, кои беа дел од реформскиот процес, избравме поарно да биде оценката послаба по однос на Собранието, одошто државата да има последици по однос на членството во НАТО и преговорите со ЕУ, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за РСЕ.
Џафери вели дека скратените постапки врзани за пандемијата, и сега, пак Собранието е во ситуација да бира или ќе оди по секоја цена на редовни постапки, а на штета на потребите за надминување на последиците од пандемијата или да ги спроведе скратените постапки, а да добие забелешки за тоа.
„Ние ако ги споредиме 2018 и 2019 година како целосни години во кои работел парламентарниот состав во претходниот мандат, имало драстично намалувања на скратените постапки за носење на законите во 2018, што беше нотирано и во претходниот извештај за 2018 година, но од друга страна заради потребата за исполнување на спогодбите кои ги донесе Република Северна Македонија, заради потребата од реформскиот процес и брзината на времетраењето во кое тоа требало да се исполни, секако поради процедурите“, посочи Џафери.
