Денес, г-дин Шефик Џаферовиќ член на Претседателство на БиХ го посети седиштето на Бошњачки демократски сојуз каде имаше состанок со г-дин Мунир Колашинац претседател на БДС, г-дин Зеќир Курбардовиќ заменик претседател на БДС и со г-дин Дино Дрпљанин генерален секретар на БДС.
На состанокот е разговарано за спроведувањето на пописот, учеството на БДС на локалните избори и за статусот на правата на Бошњаците во Република Северна Македонија.
На крајот од состанокот е заклучено дека БДС треба да продолжи да работи на обединување на Бошњаците заради остварување на правата на Бошњаците во Република Северна Македонија и дека државата БиХ ќе се ангажира да помогне во остварувањето на оваа цел.
