Џеј-Ди Венс: САД очекуваат територијални отстапки од Украина и од Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик претседателот на САД, Џеј-Ди Венс изјави дека Вашингтон очекува од Украина и од Русија да се откажат од територии за да постигнат мировен договор.

Според него, демакрационата линија најверојатно нема да се совпаѓа точно со сегашната линија на фронтот, но ќе биде блиску до неа.

„Сегашните линии на фронтот или нешто блиску до нив е местоот, каде што мислам дека може да се повлечат новите линии“, рече Венс.

Тоа значи дека и двете земји ќе мора да се откажат од некои територии кои моментално ги контролираат.

„Ќе бидат потребни одредени територијални комрпомиси“, рече Венс.

Додаде дека сега е време двете земји да го прифатат американскиот предлог, или Вашингтон ќе се откаже од преговорачкиот процес.