STP Capital Partners Holdings Skopje со задоволство објави дека меѓународно признаениот актер Џон Малкович ќе биде присутен на фестивалот Охридско лето.
Ова се должи откако ко-основачот на STP Capital Partners Holdings (СТП КПХ) / StoneBridge Studios (SBS) D.W. Moffett пред домашните медиуми неколку месеци претходно порача дека ќе дојде.
Перформансот се планира како дел од европската турнеја која е ко-организирана од Artlink Белград и поддржана од СТП КПХ.
Г-ѓа Јованка Вишекруна Јанковиќ, основач на Артлинк Белград, како партнер за регионот, ги претстави г-дин Малкович и претставата Infernal Comedy минатата година на Феликс Ромулијана во Србија и ги иницираше неговите настапи во Македонија и Порто Монтенегро како дел од европската турнеја. СТП КПХ и Артлинк Белград заеднички одиграа клучна улога во олеснувањето на учеството на Малкович во оваа регионална турнеја, како што обезбедија и значително финансиско спонзорство за нејзина реализација.
Во чест на Џон Малкович и промоција на целиот проект Скопје Технолошки Парк, СТП КПХ организира гала вечера (само со покани) „Уметничка и бизнис средба со Џон Малкович“ во Камник Шато на 27 јули со пригодна изведба на Камерата Балканика“, балкански регионален оркестар основан од Г-ѓа Вишекруна Јанковиќ.
Г-дин Џон Малкович е вклучен и во проектот Stonebridge Studios како партнер и советник.
„Со непоколеблива посветеност презедовме иницијатива да продолжиме со стекнување на земјиштето за проектот СТП самостојно, без да се потпираме на барањето за обезбедување стратешкиот статус од страна на Владата. Задоволство ни е да ги информираме македонските граѓани дека за време на неодамнешната средба, вицепремиерот Битиќи ја изрази својата Поддршка за проектите и подготвеноста да ја обезбеди потребната помош за нивна успешна реализација“, рече претседателот и извршен директор на СТП КПХ, Иван Видаковиќ.
Видаковиќ продолжи: „Исто така, со задоволство споделуваме дека претседателот на ВМРО ДПМНЕ и лидер на опозицијата, г-дин Христијан Мицкоски и неговиот тим ја дадоа својата поддршка за нашиот проект. Нивниот темелен увид на нашиот бизнис план го нагласува признанието за исклучителната важност и далекусежно влијание за македонската економија на проектот СТП“.