Кошаркарската легенда Дејан Бодирога се очекува да стане пратеник во српскиот парламент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кошаркарската легенда Дејан Бодирога би можел да добие нова улога, овојпат во политиката, по изборниот успех на Студентската листа во Србија. Поранешниот репрезентативец на СФР Југославија и СР Југославија е меѓу кандидатите на листата, која според изборните проекции освои убедлива предност на предвремените парламентарни избори.

Бодирога се наоѓа на 24. место на кандидатската листа „Студентите победуваат“. Според проекциите на ЦеСИД и Ипсос, на Студентската листа ѝ се доделуваат 140 од вкупно 250 пратенички места во Народното собрание на Србија.

Доколку конечните резултати го потврдат ваквиот распоред, Бодирога се очекува да стане пратеник.

Бодирога е едно од најпрепознатливите имиња во српската и европската кошарка. Во текот на својата кариера освои бројни трофеи со репрезентациите на поранешна Југославија, а денес е претседател на Евролигата.

Неговото присуство на листата е значајно и поради поширокиот состав на кандидатите, во кој покрај активисти и професори има и познати спортисти, уметници, лекари и експерти од различни области.