Џорџ Клуни раскажа како и зошто им дал по милион долари на 14 негови пријатели

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Погледнете ги фотографиите од првиот снежен натпревар во сезоната на ХНЛ

СЛАВЕН БЕЛУПО оствари голема победа (0: 1) на гостувањето кај Горица во преостанатиот натпревар од 11. коло....

СЗО: На светот му се потребни повеќе вакцини против коронавирус

Мајк Рајан, водечки експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), го поздрави одобрението на Велика...

Загреб зафатен од снежни врнежи (видео)

Хрватска е завеана, а снег има и во други балкански земји.  Загреб е затрупан...

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спомениците на хероите, Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

По изјавата на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во која посочи дека неговиот став кон дислоцирање...

Милошоски: Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук сподели вести од вечерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ.

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни еднаш им подарил, како изненадување, милион долари во готово на 14 негови пријатели. Еден од долгогодишните пријатели на глумецот, Ренди Гербер пред три години раскажа за овој негов необичен потег, а Клуни сега појасни што претходело и како се случило тоа…

Тој една вечер ги поканил своите најблиски пријатели на вечера. Тоа се случило септември 2013 година, непосредно пред премиерата на филмот со Клуни – „Гравитација“. Филмот, односно распродажбата на премиерата завршила како „многу добра зделка“ за него, оти бил платен врз основа на процентот на приход од киноблагајните, како и неговата колешка во кинохитот – Сандра Булок. Скоро во истовреме, тој ја запознал и својата идна сопруга Амал, иако сѐ уште не биле во врска. А, немал поблиско семејство.

Сепак, решил да прослави со тие што му биле како семејство…

– Си помислив, сѐ што имам, се овие момци кои, сите во последниве 35 години, ми помогнале на еден или друг начин. Спиев на нивните каучи кога ми беше тешко… Ми позајмија пари кога немав… Ми помогнаа токму тогаш кога ми требаше помош во минатото. Па. и јас им помагав, раскажува Клуни за „Џи-кју“.

Следниот филм кајшто Клуни ќе се појави е драмата „Полноќно небо“ (The Midnight Sky), закажан за 23 декември годинава.