Илјадници млади Албанци денеска излегоа на протест пред Министерството за образование во центарот на Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама. Протестите, предводени од студенти, влегуваат во петтиот ден и стануваат сè помасовни, пренесува Ројтерс.
Тензиите ескалирале кога група маскирани демонстранти почнале да фрлаат камења кон полициските сили, по што полицијата интервенирала со солзавец, шок-бомби и водени топови.
Според полициските податоци, досега се приведени околу 500 демонстранти, од кои 330 се ослободени. Во судирите се повредени приближно 120 полицајци и 45 демонстранти, а се претпоставува дека бројот на повредени граѓани може да биде поголем.
Незадоволството поради корупцијата и недостигот од работни места ги прошири протестите и во други делови од Албанија. Во текот на неделата во Тирана биле искршени прозорци, подметнати пожари на владини објекти и регистрирани повеќе судири со полицијата.
Протестниот бран следува по неколкумесечни претежно мирни собири против плановите за изградба на луксузен туристички комплекс на јужното албанско крајбрежје, проект поддржан и од инвеститори меѓу кои е Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател
