Џорџо Армани ќе биде погребан утре во семејната гробница во близина на Пјаченца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани ќе биде погребан утре попладне во семејната гробница во селото Ривалта, во близина на Пјаченца, а церемонијата ќе биде затворена за јавноста.

Здружението на замоците на Војводството Парма, Пјаченца и Понтремоли, предводено од грофот Орацио Занарди-Ланди, кое е сопственик на селото, објави дека Ривалта ќе биде „затворена утре од безбедносни причини и за да се обезбеди приватноста на погребот“.

Дизајнерот често доаѓал во малото средновековно село за да го посети гробот на неговата мајка, а бил и добар пријател на Занарди-Ланди, пренесува Анса.