Џудистката Арбреша Реџепи за само една минута го заврши настапот на Летните Олимписки игри во Токио, откако загуби во првото коло од Челси Гил од Британија, во категоријата до 52 килограми.
Реџепи е единствената спортистка од Македонија која настапува во денешниот втор ден на Игрите. И покрај амбициите за нешто повеќе, сепак, Реџепи не успеа да го мине првото коло.
Џудистката од Македонија беше поразена со ипон (технички нокаут). Британката потоа продолжи понатаму, па дури влезе во игра и за медал.
Вчера настапија двајца македонски спортисти во Токио. Бојан Бранковски заврши како 21-ви во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри со национален рекорд, додека младиот пливач Филип Деркоски заврши последен на 400 метри слободно во квалификациите.
Остануваат уште пет спортисти од Македонија во следните денови да настапат на Олимписките игри.
