Дијареа, повраќање и болки во стомакот кај децата – доктор Љумани: Тие се вообичаени сезонски болести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зголемувањето на температурите во последните денови предизвика наплив на граѓани погодени од вируси. Лекарите велат дека има многу пациенти кои се јавуваат со висока температура, дијареа, повраќање и болки во стомакот.

„На врвот на летните горештини сме бидејќи како и секое лето и оваа година, така и минатиот месец тропските температури предизвикаа контаминација на храната и појава на симптоми на таканаречените сезонски болести или на дигестивниот систем особено кај децата и луѓето кои се изложени на високи температури и професионални заболувања“, вели Седат Љумани.

Поради гореспоменатите симптоми доаѓа до дехидратација, вели доктор Љумани. Од оваа причина, тој препорачува секој човек редовно да се хидрира, консумирајќи вода и природни сокови, како и овошје и зеленчук.

Инаку, овие болести се предизвикани поради тоа што прехранбените материјали не се складираат според нормативни услови и тие можат да бидат контаминирани со различни микроорганизми, вели доктор Љумани. Тој апелира храната добро да се обработи термички со цел при консумација да не дојдеме во контакт со вируси или бактерии.