Државната изборна комисија едногласно ги одобри содржината, изгледот и заштитните елементи на гласачкото ливче за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври.
Од ДИК информираат дека, со цел да се зачува доверливоста на изборниот материјал и интегритетот на процесот, разгледувањето на оваа точка се одвивало на затворена седница.
Гласачкото ливче ќе биде подготвено на македонски јазик и кирилско писмо, како и на јазиците и писмата што се во службена употреба во општината, во согласност со застапеноста на заедниците и законските одредби.
На него ќе бидат наведени имињата и симболите на подносителите на листите, како и редните броеви, имињата и презимињата на кандидатите.
