Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска се вакцинираше против ковид-19 на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“.
Во изјава за медиумите, тој посочи дека вакцинацијата ја доживеал како свечен чин.
„Мислам дека е многу важно за себеси, за моите блиски, фамилијата, соработниците и за сите граѓани со коишто доаѓаме во контакт секојдневно, да бидеме заштитени. Пандемијата трае повеќе од една година, за жал изгубивме многу животи, изгубивме дел и од слободата и мислам дека е многу важно што е можно побрзо, и што е можно повеќе граѓани да се вакцинираме“, вели Димитров.
