Димитров: Не верувам во Бујар Османи, се бара решение со Бугарија по секоја цена, а мислам дека не е добро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Никола Димитров денеска се „отвори“ пред јавноста, и кажа дека во последната година водел внатрешни битки. Тој напомена дека добивал понуди да биде Амбасадор најпрво во САД, а потоа на било кое друго место, за да го нема во земјава и да не ги застапува своите ставови околу спорот со Бугарија.

Димитров рече дека нема доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи, поради тоа што по секоја цена преговара за решение со Бугарија.

„Да, немам целосно доверба во министерот за надворешни работи, доскорашен колега, со оглед на моето искуство и на интерните координации и контактите со ЕУ, и претсетавници на Европските институции во Брисел. Имам чувство дека таму има „драјв“ за успех по секоја цена, и мислам дека не е добро. Можеби и грешам и се надевам дека грешам“, рече Димитров.