Димитров: Преговорите со ЕУ почнуваат на крај на годината, ДУИ очекува „голем празник“, АА и ВМРО-ДПМНЕ се жалат за „краткото време“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Добивањето датум за почеток на преговорите конечно се чини дека ќе се случи на крајот од годинава. Ова го најави екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров пред пленарната седница на која треба да се гласа програмата и составот на идната влада кога се очекува тој да биде избран за иден вицепремиер за европски прашања.
Димитров ова го најави врз основа на неколку сигнали што ги добил од ЕУ.
Никола Димитров, Иден Вицепремиер за европски прашања
(…)
Првиот кој беше предложен за вицепремиер за европски прашања од редовите на ДУИ, Артан Груби очекува “голем празник“ од денешната седница.
Артна Груби, Прв вицепремиер за европски прашања
Очекуваме голем празник за сите граѓани.
Опозицијата со критики за краткото време за разгледување на владината програма. Пратеникот на АА, Халил Снопче рече дека доколку имало повеќе време, ќе нашол 90 точки од програмата кои воопшто не можат да се реализираат.
Халил Снопче, Пратеник на АА
Оваа програма е невозможно да се реализира. Ако имавме повеќе време да ја разгледаме, јас ќе предложев над 90 точки кои не можат да се реализираат. Со полна одговорност го кажувам ова и со цела своја скромност.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да гласа. Пратеничката Гордана Силјановска се пожали иако седницата беше најавена за викендот.
Гордана Силјановска, Пратеничка, ВМРО-ДПМНЕ
(…)
Екс министерот за образование и наука, Арбр Адеми од ДУИ, вели дека најсилната точка на програмата се реформите во образованието.
Арбр Адеми, пратеник на ДУИ
Станува збор за усогласена програма меѓу двете најголеми партии кои ја сочинуваат владината коалиција. Јас очекувам таа програма да се оствари. Еве на пример во делот за образование има добри работи и позитивни со кои можеме да постигнеме успеси.
Во меѓувреме, Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии, и Насер Нуредини, предложен за министер за животна средина, без одговор на прашањето, што очекуваат од денешната седница.