Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, гостувајќи во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, изјави дека во Македонија постојат сектори кои имаат економски капацитет веднаш да ја зголемат минималната плата, но предупреди дека ваквата мерка би била проблематична за дејностите каде што просечната плата е под 600 евра.
Според Димитров, токму кај посилните и поконкурентни сектори нема пречки за раст на најниските примања, поради што тој апелираше синдикатите и здруженијата на работодавачи без одлагање да пристапат кон измени на колективните договори.
„Има сектори во Македонија кои без проблем можат да ја зголемат минималната плата и јас препорачувам веднаш синдикатите и здруженијата да започнат постапки за измена на колективните договори“, истакна Димитров.
