Отстранета е конструкцијата на киоскот „Али Тобако“ во близина на нелегалниот премин во Бит Пазар во Скопје.
Киоскот бил поставен во близина на мостот и заземал дел од јавниот простор, односно тротоарот. Иако е отстранет од првобитната локација, киоскот ќе продолжи да функционира, но е преместен во непосредна близина на истата локација.
Инаку, во текот на мај, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 најави дека киоскот ќе биде отстранет и дека ќе се разговара со жителите околу прашањето за нелегалниот премин.
