Димоски: Повеќе од еден месец сме во кампања, иако таа официјално не е почната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илија Димовски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека изборната кампања за локалните избори, иако официјално не е започната, веќе трае повеќе од еден месец.

„Кампањата трае, посебно во општините Чаир, Струга и Скопје, и тоа не е лошо. Граѓаните имаат опција – кој сака, гледа други програми, кој сака, следи кампања,“ рече Димовски.

Тој додаде дека доминираат локални и граѓански теми, додека обидите на партии како ДУИ и Левица да наметнат национални теми не успеале.

„Очигледно, најголемите експоненти на такви теми, како Османи, објаснуваат на терен, но тоа не го менува фокусот на локалните проблеми,“ заклучи Димовски.