Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денеска на расправата за законот за ЈО, им порача на пратениците на независната група на ВМРО-ДПМНЕ им порача да не ја манипулираат јавноста дека Законот за ЈО бил важен и за добивање на датум за преговори со ЕУ на самитот на март во Загреб.
„Јас се обложив со сите вас дека во октомври нема да добиеме датум, и добив. Не дека јас го сакав тоа, туку поради тоа што е реалност. Ниту сега нема да добиеме преговори во март. Немојте да ја манипулирате јавноста со датумот. Една важна земја членка на ЕУ вели дека не е важно само да донесе, туку како ќе се донесе законот за ЈО“, рече Димовски.
