Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека партијата не треба да предложи свој кандидат за потпретседател на Собранието, во знак на прифаќање на критиката на јавноста.
„Доколку сме сериозна партија која има намера да опстои на своите принципиелни критики, ВМРО-ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиката на јавноста за непотребно големиот број на потпретседатели, сама треба да се откаже од тоа место кое и следува и дополнително, да ги повика сите партии кои си направиле пазар за овие функции да го сторат истото…“, напиша Димовски.
