Тракторска несреќа со смртен исход се случила во прилепскиот регион, каде 54-годишен маж го загубил животот откако се превртел трактор кој претходно го управувал.
Од СВР Битола информираат дека на 16 јули во 20 часот било пријавено дека во атарот на селото Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, управуван од М.Т.(54) од селото Канатларци.
При несреќата, мажот се здобил со тешки повреди од кои починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Прилеп.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Прилеп, а надлежните продолжуваат со расчистување на случајот.
