Починат мигрант пронајден кај Мрзенци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трагичен случај е регистриран на мигрантската рута во близина на Гевгелија, каде што бил пронајден починат мигрант од Пакистан. Телото на 36-годишниот маж било откриено во местото „Мрзенско поле“, во атарот на селото Мрзенци.

Според информациите од полицијата, на 16 јули околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош. По пристигнувањето на полициските службеници на локацијата, биле затекнати тројца мигранти кои не поседувале лични документи.

Тие посочиле дека се државјани на Пакистан и пријавиле дека со нив се наоѓал уште еден мигрант, кој бил на возраст од 36 години, но не давал знаци на живот.

Лекар излегол на местото и констатирал смрт кај лицето, при што не биле забележани траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Останатите тројца мигранти се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.