Дипломати во посета на економските зони, промовирани реоните кои се сметаат за поволни за странски инвестиции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Караванот на економскиот дипломатски кор продолжува со посетите на слободните економски зони. Целта на ваквите активности се нови инвестиции во земјава и отворање нови работни места. Дипломатите покажаа интерес за економските зони и ги разгледаа можностите за инвестиции во одредени општини. Заменикот-министер за надворешни работи, Фатмире Исаку, вели дека ги промовираат реоните за кои сметаат дека се погоди за инвестирање.


-Почнувајќи од општина Кичево ќе продолжиме со општина Охрид и Струга, промовирајќи ги реоните каде може да се направат странски инвестиции. Нормално дека ќе имаме компании кои ќе ги претстават нивните компании пред дипломатскиот кор, а кои промовираат разни места во РСМ, вели Исаку.

Директорот на Биро за регионален развој, Рамиз Реџепи, рече дека ефектот од овие посети се очекува по една година.


-Мислам дека ефектот од овие посети ќе се види многу брзо, согласно економската криза која ја имаме не само ние како држава, туку и на светско ниво. Мислам дека ефектот ќе се одрази најдоцна за една година, вели Реџепи.

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари рече дека е подготвен да ги поздрави странските инвестиции, укажувајќи им на потребите на градот.


-Подетално од оваа средба, а потоа и во конкретниот случај, посетата на економската зона, нудиме и им ги претставуваме можностите за инвестирање во нашиот град, вели Дехари.

Дипломатскиот кор предводен од неколку амбасадори ќе посети 7 општини за одблизу да ги извидат економските зони, досегашните, како и странските инвестиции кои во иднина би можеле да влезат во овие градови.