Ваков одговор доби ТВ21 од Ајдин Рамадани, директор на основното училиште Адем Јашари, по сторијата за неискосената трева во училишниот двор.
Всушност, еден ден по сторијата на ТВ21, работниците на ЈП Паркови и зеленило отидоа и ја искосија тревата.
Според деловникот, училиштата сами треба да го одржуваат дворот, бидејќи имаат издвоено посебен буџет за тоа.
За тоа сакавме да го прашаме директорот на училиштето , Ајдин Рамадани кого го сретнавме во дворот на училиштето, но најпрво тој избега од камерата.
Се обидовме уште еднаш на влезот од училиштето, но тој ни се обрати со непристојни зборови.
„Направивте г…о, сега сакате да го измиете! Г…о направивте!“, се обрати Ајдин Рамадани, директор на ОУ Адем Јашари.
Ова училиште спаѓа под надлежност на општина Чаир. И градоначалникот на оваа општина Висар Ганиу вели дека не е обврска на Паркови и зеленило да ги чистат училишните дворови, а на прашањето дали ќе биде разрешен директорот на училиштето поради недолично однесување, одговори:
„Се разбира дека секое недолично однесување ќе се санкционира. Но секогаш кога преземам чекори постапувам заедно со секторот за образование и се во тесна корелација со МОН и сигурно по утврдување на информацијата, ќе се преземат мерки“, посочи градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
А што вели министерката за таквото однесување на директорот?
Општината денеска ќе го свика секторот за образование при општина Чаир и ќе одлучи какви санкции ќе се преземат за директорот на училиштето Адем Јашари. Инаку пред неколку дена, ТВ21 извести за лошата состојба на овој училиштен двор. Самите родители беа загрижени за безбедноста на децата бидејќи има и електрични кабли.
